Фортуна Ситард славеше
со 1-3 на гостувањето кај Ајндховен во 28 коло од второлигашкиот шампионат на
Холандија, со што тимот на нашиот Стефан Ашковски се зацврсти на третото место
на табелата, со четири бода негатива зад лидерот Нијмиген, место кое води
директно во елитата.
Нашиот Ашковски во игра
на мечот влезе по четири минути од второто полувреме, а во 77. минута погоди за
својот тим со што ја потврди победата од 1-3.
По голот следеше луда
прослава на истиот од страна на македонскиот интернационалец, кој за момент се
качи и на оградата од трибинскиот простор каде беа сместени гостинските фанови
на оваа средба.
class="twitter-video" data-lang="en">
Ова е вкупно 11 гол
за Македонецот оваа сезона во дресот на
Фортуна Ситард во втората лига на Холандија, со што е прв стрелец во својата
екипа.