Селекторот Гоце Седлоски направи дури осум замени за денешниот натпревар против Словенија во однос на мечот против Швајцарија.
Од тој дуел останаа само Димитриевски, Гаштаров и Елмас. Капитенот Барди не е во составот.
На голот е Димитриевски, а пред него е целосно нова одбрана, Аломеровиќ, Мелиќи, Младеновски и Стојчевски. Гаштаров, Атанасов и Елези се во средниот ред, по страните Елмас и Митровски, а најистурен во нападот е Омерагиќ.