Асенсио: Азар некогаш ќе каже што му е проблемот

by
1 минути читање

Асенсио со прекрасен гол му донесе победа на Реал Мадрид против Гранада и го навлече вниманието на медиумите кои меѓудругото го прашаа и за Азар и Бејл.

„Азар на тренинзите изгледа добро, тренира добро и гледам дека сака да му носи радост на Мадрид, но многу работи му се собраа, некои повреди… тешко е да се знае. Треба да го прашате него, еден ден сигурно ќе каже што е проблемот. Според мене тој се уште може да биде важен оваа сезона. Тој е фудбалер со неверојатен талент. Еден од најдобрите со кои сум делел соблекувална, тоа го гледам на тренинзите и мислам дека може да даде голем допринос оваа сезона“, вели Асенсио за Азар.

„Бејл се однесува исто како и сите други. Потребно е да биде физички фит за да даде сто проценти на теренот. Тој му даде многу на Реал Мадрид. Добар е, може да помогне и тој. Се зависи од тренерот на кој ќе им даде минути, на кои не. Во соблекувалната и на тренинзите е интегриран со сите. Секој има свој карактер, но не е така како што не опишуваат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×