Артета: Знам зошто Џака ги загуби нервите… ќе му дадам втора шанса

by
1 минути читање

Гранит Џака минатата
година остана без капитенската лента откако ги пцуеше навивачите на Арсенал, се
чинеше дека ќе го напушти клубот но откако Микел Артеат го превзеде кормилото,
Швајцарецот се наметна како стандарден првотимец.

Фудбалерот од
средниот ред изминатиов викенд имаше нов испад, го фати за врат Ешли Вествуд,
доби црвен, ги остави соиграчите на цедило, па Барнли на крајот стигна до
триумф од 0-1 на Емирати.

Микел Артета по
крајот на натпреварот порача дека Гранит Џака ја преминал границата, а
медиумите шпекулираа дека кариерата на играчот во Арсенал веројатно е завршена.

Сепак, попладнево
Шпанецот изјави дека ќе му даде втора шанса на Гранит Џака.

Запрашан дали
Џака им се извинил за своите постапки, тренерот на Арсенал одговори: „Ова се
работи од соблекувалната за кои не можам да дискутирам. Интерно ја решивме
ситуацијата“.

„Џака имаше тежок
период во минатото, не само тој, и други играчи имале проблеми. Но јас можам да
кажам дека Гранит е голем професионалец и неговата посветеност кон клубот и
соиграчите е на највиско ниво“.

„И самиот знае
дека ги загуби нервите, знам која е причината па ќе му дадам втора шанса, не
може поради еден момент во вода да падне се што има направено за клубот“.

„Сите праваме
грешки, и моја работа е да ги заштитам оние кога сметам дека треба да бидат
заштитени. Гранит е еден од тие, поради начинот на кој пристапува на секој
тренинг, поради начинот на кој сака да ги прави работите и поради неговиот
професионализам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×