Откако стави
потпис на новиот договор со Арсенал вреден 250,000 фунти неделна плата,
Пјер-Емерик Обајеманг дефинитивно не е истиот од претходно откако заврши
сапуницата околу неговата иднина.
Соочен со многу
критики, фановите на Арсенал не се штедеа на критики ниту за синоќешното
разочарување со Славија Прага во Лига Европа, иако во игра на мечот влезе во 78
минута, за осум минути подоцна да запише асистенција, а можеше и да погоди, за
што во негова одбрана застана тренерот Микел Артета.
„На оваа тема
говорев и пред самиот натпревар, секој дава допринос на теренот на поинаков
начин, целиот состав придонесе на различен начин“ изјави Артета.
„Улогата која ја
имаше Обамејанг беше првично да почне од клупата за резерви, а потоа да донесе
импакт во играта штом влезе на теренот, а тој го стори тоа, му асистираше на
Пепе во водечкиот гол, а можеше да постигне и гол, имаше шанса, а токму тоа го
очекувам од фудбалерите кои влегуваат од клупата за резерви“ додаде шпанскиот
фудбалски стратег.
„Топчиите“ во
недела гостуваат кај Шефилд Јунајтед, последно пласираната екипа во
Премиерлигата, па сосема јасно е дека составот на Артета е голем фаворит за тој
меч, а бодовите им се повеќе од потребни ако се земе во предвид дека со 42 бода
се на средината од табелата во Премиерлигата, односно на десетото место.