Стратегот вели дека е импресиониран од желбата на Обамејанг да ја врати добрата форма, работата и односот кој го има на тренинзите се причината поради која се уште е во стартниот тим.
„Никој не е незаменлив. Треба да ги најдете вистинските играчи за да ги добиете мечевите, но не можеме да заборавиме што правеше за овој клуб Обамејанг, и тоа беше пред неколку месеци, не пред години“, вели Артета.
„Го гледам како тренира, како се однесува и колку многу сака да ја сврти ситуацијата и да се врати во форма“.
„Кога гледам колку е гладен за тоа да го направи, му давам поддршка. Оба е еден од главните играчи и во моментов на тренинзите дава енергија која не е типична за тим или играч кој страда од лоша форма во моментов. Таков пристап ни е потребен сега“.
Обамејанг нема да игра на денешниот меч со Дандалк во Лига Европа бидејќи Арсенал со пет победи од исто толку меча веќе го обезбеди и пласманот во нокаут фазата и првото место во групата.