168
Арсенал нареди
четири победи и се врати во местата кои водат во Лигата на шампиони, „топчиите“
попладнево со 1-3 славеа кај Вотфорд.
Гостите беа
разиграни, а во третиот погодок учестуваше и Артета. Тренерот добро ја следеше
играта, веднаш му ја даде топката на Сака при еден аут и од тука тргна една убава акција
која заврши со спектакуларен гол на Мартинели.
„Видов шанса и
решив да ја искористам… останатиот дел од момците го завршија својот дел од
задачата и дадовме гол“ – прокоментира Микел Артета по крајот на натпреварот.