Артета откри кој фудбалер на Арсенал тренира најмногу

by
1 минути читање

Микел Артета го посочи Нкетија како фудбалер кој тренира најмногу во Арсенал и рече дека тој е пример за професионалец.

Нкетија се поврзуваше со заминување од Арсенал на позајмица или перманентен трансфер, но остана да се бори за место во тимот.

„Еди е лекција секој ден за тоа како треба да изгледа еден професионалец“, вели Артета за 22-годишниот фудбалер.

„Имаше многу шпекулации за него. Но тој ја наведна главата долу, тренира повеќе од било кој друг во клубот. Им дава поддршка на соиграчите без разлика на околностите“.

„Па среќен сум што одигра на ова висико ниво и како физички е подготвен бидејќи тој тренира напорно секој ден. Среќен сум за него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани