Вечерва Арсенал го пречекува Манчестер Сити во четвртфинале од Карабао купот, и покрај големото пријателство, Артета знае дека Пеп вечерва нема да му попушти.
„Не, нема, бидејќи го знам и знам дека сака да го освои ова натпреварување. Секогаш зборуваме, постојано сме во контакт и е навистина важна личност во мојот живот“, вели Артета.
„И тој и други луѓе кои се блиски до мене, ми даваат неверојатна поддршка и ми даваат сила, ми даваат добри совети“.
Арсенал колку што игра лошо во Премиерлигата, толку е добар во куповите. Во Карабао купот дојде до четвртфиналето, а во Лига Европа забележа шест победи од шест меча. Минатата сезона Артета го освои ФА Купот со топчиите.
Фановите на Арсенал се надеваат дека победите во куп средбите не се случајност и вечерва може да падне и Сити и покрај очајната форма во Премиерлигата.