183
Утре се игра големото дерби на Северен Лондон, Тотнем го пречекува Арсенал. Тимот на Мурињо е лидер на табелата, додека топчиите под водство на Артета играат лоша сезона засега.
„Мислам дека е многу рано за да се каже кои се кандидати за титулата а кои не. Но она што можам да го кажам е дека Тотнем се на позицијата каде што се затоа што работат како што треба“, вели Артета.
„Она што ние треба да го видиме е каде ќе бидеме по 38 натпревари во лигата. Целта по мечот во недела ни е да бидеме три бода поблиску до нив“.