Победите над
Челси, Брајтон и ВБА во целост го променија Арсенал, и покрај последното реми
без голови на домашен терен со незгодниот Кристал Палас, па сега предводникот
на „Топчиите“, Микел Артета ги поттикнува своите фудбалери да притиснат повеќе
за да влезат сериозно во битката за топ четирите места на табелата.
„Ова е моментот
кога треба да притиснеме заедно со нашата мотивација која дефинитивно ја имаме
во тимот“ вели Артета откако неговиот тим претходно се соочи дури и со можна
битка за опстанок сезонава во елитното фудбалско друштво на Островот.
„Знаеме дека го
поседуваме потребниот капацитет за да ги добиеме наредните натпревари, а
доколку го сториме тоа, ќе гледаме на оваа сезона на еден сосема поинаков начин“
додаде шпанскиот фудбалски стратег во пресрет на претстојните нови предизвици
во Премиерлигата.
Арсенал со 24
бода од 18 одиграни кола се наоѓа на 11 место на табелата во Премиерлигата, „Топчиите“
во понеделник на домашен терен го пречекуваат Њукасл, а потоа следи гостување
кај Саутемптон, односно дерби со Манчестер јунајтед на домашен терен.