Артета на тренинзите на Арсенал работи на еден доста интересен „експеримент“ во нападот

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета сериозно размислува да го прекомандува
младиот Габриел Мартинели на позицијата најистурен напаѓач во играта на „Топчиите“.

На Островот
известуваат дека Бразилецот веќе добил такви насоки за време на тренинзите во
клубот, поточно од својот тренер, па останува да проследиме во периодот кој
претстои како сето тоа ќе изгледа во реалноста.

Сево ова доаѓа по
заминувањето на Пјер-Емерик Обамејанг во Барселона, со тоа што единствена
опција на таа позиција остана Александре Лаказет, за кого се верува дека и
натаму ќе биде стартер, а за „експериментот“ со Мартинели сепак ќе се почека.

Мартинели во
досегашниот тек од сезоната во Премиерлигата постигна четири погодоци во
неговата трета сезона во дресот на „Топчиите“, а што се однесува пак до
останатата опција во нападот која Артета речиси и да не ја употребува, Еди
Нкетиа исто како и Лаказет се шпекулира дека на лето ќе си замине од Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×