За разлика од Лига Европа каде што Арсенал е перфектен, во Премиерлигата топчиите мака мачат. Во недела Арсенал го пречекува Барнли и Артета е свесен дека тој меч едноставно мора да се добие.
„Мораме да почнеме веднаш да победуваме“, вели Артета.
„Не може резултатите да ни бидат како во изминатите шест до осум недели и мора уште од недела да почнеме да победуваме“.
„Сега треба да ја заборавиме Лига Европа до февруари и да се фокусираме силно на Премиерлигата и на Лига Купот и ФА Купот“.
„Сега ни се потребни сите фудбалери. Јасно е дека имаме широк состав со многу играчи кои се назад од повреди, и можеме да ги бираме најдобрите играчи и да ротираме, тоа ни дава повеќе опции во Премиерлигата за да се фокусираме добро и да дојдеме до резултатите кои ни требаат“.