Артета лично ќе го убедува Обамејанг да потпише нов договор со Арсенал

by
1 минути читање

Микел Артета
лично ќе разговара со Пјер-Емерик Обамејанг околу обидите да се убеди Габонецот
да остане во составот на Арсенал, односно да ја продолжи соработката со овој
клуб, откако подолг период не е постигнат никаков напредок во преговорите
помеѓу обете страни за такво нешто.

Актуелниот
договор на 30 годишниот напаѓач, кој има неделна плата од 200,000 фунти
истекува идното лето, а Арсенал допрва треба да му понуди нов договор, меѓутоа
извесно е дека Габонецот би можел да си замине од Лондон уште ова лето.

Шефот на
стручниот штаб на „Топчиите“, Артета верува дека Обамејанг може да продолжи со
Арсенал и во иднина, а се чини дека Шпанецот посакува лично да седне на маса со
Габонецот за да ги „испеглаат“ сите детали.

„Телеграф“ тврди
дека Артета верува дека неговиот личен приод кон Обамејанг може да донесе голем
пресврт во случајот со напаѓачот, кој е очаен во своите намери и желби да игра
во Лигата на шампионите.

На Островот
наведуваат дека и покрај фактот што Арсенал е на повидок повторно да не успее
во намерите да дојде до место во топ четирите екипи сезонава, Артета лично ќе
му ги соопшти своите планови и намери во клубот, односно дека сака да изгради
млад тим, а со Обамејанг како поддршка за помладите фудбалери.

Секако дека
кризата предизвиката од пандемијата со коронавирусот на некој начин и го
оневозможува Арсенал да му понуди нов договор на Обамејанг, меѓутоа и постои
загриженост дека би биле приморани да го продадат уште ова лето доколку не
стави потпис на нов договор, бидејќи идното лето веќе би можеле да останат со
празни раце.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×