Артета го загуби трпението: Џака ја премина границата

by
1 минути читање

Гранит Џака го
чинеше Арсенал пораз на свој терен од Барнли, иако „Топчиите“ играа на едно
добро ниво во текот на мечот се
исклучувањето кое се случи во 58 минута, со што падна во вода сиот допринос
на „Топчиите“ на теренот, за што признава и нивниот предводник од клупата,
Микел Артета.

Нашата игра беше
на одлично ниво, меѓутоа се
се промени по тоа исклучување, го фрливме во вода сиот допринос, а на тој
начин и отфрливме било каква можност да сториме нешто повеќе
“ рече Артета по
мечот, видно разочаран и гневен на Гранит Џака.

Швајцарецот
првично имаше еден „судир“ со Вествуд, по што му беше доделен жолт картон,
меѓутоа по прегледувањето на снимките со помош на ВАР технологијата беше
утврдено дека Џака треба да добие црвен картон откако го фати за врат
противникот, а тоа и се случи.

Кога би сумирал,
сметам дека Ганит ја премина линијата, неприфатливо е да сторите такво нешто во
моменти кога фудбалерите се борат максимално на теренот за нешто повеќе,
покажаа посветеност на теренот, а истовремено би додал дека и потегот на Елнени
е доста сличен, не смееме да правиме такви грешки
“ заклучи Артета алудирајќи и
на сличниот потег на Мохамед Елнени кој со рацете го удри во лице Џејмс
Тарковски, по што му беше покажан само жолт картон, за среќа на „Топчиите“ кои
по таа ситуација можеа да добијат дополнително исклучување.

Арсенал веќе во
среда на домашен терен го прчекува мошне незгодниот сезонава, Саутемптон во
рамките на 13 коло од Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×