337
Арсенал се прикажа во добро издание на гостувањето кај Тотнем, топчиите имаа посед, создаваа шанси иако тие не беа многу опасни, но противникот победи со 2-0.
„Тоа е фудбалот. Тие имаа еден шут на голот и постигнаа прекрасен гол, а вториот ние веше бевме на пауза. Парти се повреди и не беше на една од тие позиции“, вели Артета.
„Мојот тим беше полн со желба, пасија, комплетно го доминираше мечот и креираше многу шанси. Но на крајот важен е завршниот продукт, и затоа тие се на врвот на табелата“.
„Тие имаа две ситуации и постигнаа два гола, ние имавме 44 нафрлувања, не знам колку шутеви, два во рамките од голот. Но тоа е фудбалот“.