Арсенал загуби и од Барнли, топчиите сами се победија, црвен картон на Џака, автогол на Обамејанг (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фановите на Арсенал во Барнли гледаа идеален противник за прекинување на лошата серија, но наместо тоа беа фрлени во уште поголем очај.

Загубија со 1-0 на свој терен од тим кој има освоено помалку подови од нив, за Арсенал ова беше дури седмиот пораз по 12 одиграни меча.

На почетокот од второто полувреме Арсенал силно притисна кон голот на Барнли, се редеа шанси, но во 58. минута се се промени кога домаќините останаа со играч помалку. Џака за врат фати противнички играч и доби директен црвен картон.

Тогаш Барнли се ослободи од притисокот со кој се соочуваше, тргна по целиот плен и во 73. минута дојде до водство со автогол на Обамејанг. Напаѓачот на Арсенал конечно даде гол, но за жал во сопствената мрежа.

За разлика од Арсенал, Лестер е во одлична форма и тоа го потврди против Брајтон победувајќи го со 3-0.

Медисон постигна два гола по две асистенции на Варди, а и самиот Варди погоди еднаш.

Со овие три бода Лестер се искачи на третата позиција со само бод заостанување зад Тотнем и Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×