23-годишниот Локатели блесна на ЕП откако даде два гола во победата од 3-0 над Швајцарија. Тој настап ќе му донесе трансфер ова лето.
Спортскиот директор на Сасуоло, Џовани Карневали потврди дека имале разговори со Јувентус, но засега конкретен е само Арсенал.
„Јувентус е единствениот италијански клуб со кој сме зборувале за Локатели. Се сретнавме минатата недела со нивниот спортски директор, Федерико Черубини“, открива Карневали.
„Има интерес од нивна страна, уште не знаеме кој се е заинтересиран, но имаме одличен однос со Јувентус, па разговорите ќе продолжат“.
„Вистина е дека има интерес од клубови од надвор од Италија. Арсенал е еден од тие и во моментов се пред сите други бидејќи само тие доставија конкретна понуда“.