Арсенал во преговори за Невеш

by
1 минути читање

Арсенал е во
преговори за ангажман на фудбалерот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен
Невеш, кој претходно се поврзуваше со Манчестер Сити, но до трансфер во
редовите на „Граѓаните“ не дојде.

24 годишниот
Португалец има активен договор со Вулверхемптон со важност до 2024 година, а се
верува дека Арсенал доколку е сериозен во намерата, ќе мора да издвои околу 35
милиони фунти за овој трансфер за што веќе и постојат преговори со агентот Жорж
Мендеш, меѓутоа сумата е проблематична за „Топчиите“.

Арсенал е во
потрага по засилување во средниот ред, откако станува се
поизвесно дека Гранит Џака ќе си замине од клубот
ова лето, а за партнер на Томас Парти идентификуван е токму Невеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×