Арсенал ја
прекинува соработката со скаути кои се дел од младинската скаутинг мрежа поради
финансиската криза предизвикана од коронавирусот.
Станува збор за
скаути кои во голема мера помогнаа клубот да дојде до откривање на талентот кај
фудбалери од типот на Букајо Сака, Ејнсли Мејтланд-Најлс, Рејс Нелсон, Емил
Смит-Роу, како и Џо Вилок, фудбалери кои несомнено се нова генерација млади фудбалери со огромен потенцијал во себе за во иднина, всушност со нив почнува една нова генерација за овој клуб, токму со помош на скаутите.
Скаутите, кои се
платени 800 фунти на месечна основа, дополнително и одредени бонуси, им било
кажано дека нивните договори, кои завршуваат на 30. јуни, нема да им бидат
продолжени.
Медиумите на
Островот пишуваат дека и покрај кризата предизвикана од коронавирусот, ваквиот
потег на клуб од калибарот на Арсенал е шокирачки, за што тврдат и извори за „Мирор.
„Овие момци се
помеѓу најдобрите млади скаути во земјава, ги донесоа најперспективните деца, а Арсенал дојде до репутација на еден од најдобрите клубови во земјата за развој
на млади фудбалери“ вели извор за „Мирор“.
„Ова е еден од
најдобрите клубови во светот што прави вакви пресеци, но фудбалот е како село,
секој друг клуб сега ќе знае дека истите се достапни“ додава изворот.
Скаутите за
одлуката на клубот биле известени преку имејл од одделението за човечки ресурси
на клубот од Лондон, укажано им е дека во зависност од развојот на ситуацијата
со пандемијата, би можеле повторно да бидат вработени од септември.
Секако дека оваа одлука на Арсенал потсетува на онаа на Ливерпул и Тотнем, кога овие клубови од таков голем калибар во светот на фудбалот си дозволија да ги отпуштат своите вработени, а истите да ги препуштат на сметка на државата, за што доживеаа голем срам во светски размери, за потоа да ги променат тие одлуки.