Арсенал со гостинска победа ја почна новата година! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Арсенал славеше со 3-1 на гостувањето кај Брентфорд во првиот ден од новата 2025 година.

Натпреварот не почна најдобро за топчиите, во 13. минута Мбеумо даде гол за водство на Брентфорд од 1-0.

Предноста на домаќините траеше до 29. минута кога Габриел Жесус со глава погоди една одбиена топка за израмнување на 1-1.

По пет минути игра во вториот дел Мерино во една мешаница најдобро се снајде и погоди за комплетен пресврт и водство на Арсенал од 2-1.

Само три минути подоцна гол даде и Мартинели поставувајќи ги конечните 3-1 за топчиите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани