170
Арсенал се
приклучи во трката за потписот на 23 годишниот напаѓач на Челси, Тами Абрахам,
кој во минатото како дете навивал токму за „Топчиите“, а идол му бил Тјери
Анри.
Се верува дека
Челси го вреднува својот напаѓач на 40 милиони фунти, а наводно бил дел од
понудата на клубот од Лондон до Борусија Дортмунд за услугите на Ерлинг Халанд
оваа седмица, понуда која Германците експресно ја одбиле.
„Телеграф“ тврди
дека Арсенал е сериозен во намерата да го ангажира Абрахам, но најнапред ќе
мора да продава за да го реализира тој посакуван трансфер, а освен Арсенал,
заинтересирани за Абрахам се уште Интер и Тотнем.