194
Арсенал е во
преговори со Јувентус за позајмица на 25 годишниот бразилски интернационалец
Артур Мело кој сезонава запиша само 11 настапи за „Старата дама“, од кои четири
во „Серија А“..
Поранешниот
фудбалер на Барселона наводно посакува да си замине од Јувентус, но истовремено
е во исчекување на зелено светло од својот тренер Масимилијано Алегри.
Мело се приклучи
на Јувентус по трансферот од Барселона во 2020 година како дел од договорот за
трансферот на Миралем Пјаниќ, а Бразилецот не е во преден план кај Алегри во
редовите на „Старата дама“.