Арсенал подготвен за најцрното сценарио: Фудбалерите имаат посебни клаузули при евентуално испаѓање од елитното друштво

by
1 минути читање

Како и сите други
клубови, така и Арсенал е сериозно погоден од финансиски аспект поради
пандемијата со коронавирусот, па дури и како стандарден и регуларен член на
Премиерлигата има преземено чекори против финансискиот импакт од евентуално
испаѓање во понизок ранг.

„Телеграф“
наведува дека во Арсенал имаат план при евентуално остварување на црното
сценарио со што клубот би бил испаднал во понизок ранг на натпреварување,
односно Чемпионшип дивизијата на Островот.

Се верува дека
Арсенал вметнал клаузули во договорите на неколку фудбалери со што по
автоматизам би им била намалена платата за цели 25% доколку дојде до испаѓање од
Премиерлигата.

Ваквите клаузули
се редовна праска во Премиерлигата, меѓутоа гигантите од типот на Арсенал,
Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и Тотнем никогаш не ги
користеле во новата ера.

Ваквиот потег од
страна на Арсенал е нешто ново во тој клуб, пишува Мет Лав за „Телеграф“, но,
барем засега не е познато кога се вметнати таквите клаузули во договорите во
Арсенал, а дека е така, потврдува тоа што ѕвездите на „Топчиите“ во ерата на
Венгер никогаш немале такви клаузули во своите договори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×