Мануел Локатели
го привлече вниманието со добрите настапи за Италија на Европското првенство, особено во групната фаза, па неколку клубови влегоа во битка за потписот на
фудбалерот од средниот ред.
Арсенал е
најконкретен, „топчиите“ се подготвени да ги исполнат барањата на Сасуоло и да
платат 40 милиони евра. Сепак, проблем е желбата на играчот, Мануел Локатели
сака само трансфер во редовите на Јувентус.
„Старата дама“ се
обидува да ја најде правилната формула, и веќе доби негативен одговор од
Сасуоло за позајмица на Мануел Локатели и обврска играчот да биде купен во
целост за 30 милиони евра.
Сасуоло не само
што не прифаќа позајмица, бара и понудата да биде зголемена и Јувентус на маса
да стави 40 милиони евра, колку што изнесува и предлогот на Арсенал.