Арсенал нема
ништо против да ја зголеми нивната понуда за напаѓачот на Фиорентина, Душан
Влаховиќ на 68 милиони фунти, за да го доведе во своите редови 21
годишниот Србин кој е цел на повеќе европски гиганти.
Влаховиќ сезонава
постигна 13 погодоци на 16 меча во Серија А, за што потсети зошто котира високо
на листата на желби на Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, како и Јувентус.
„Спорт Медијасет“
извести дека „Топчиите“ нема да се штедат во своите обиди да го ангажираат
Влаховиќ, со тоа што Микел Артета ставил јасно дознаење дека Србинот е
приоритет.
Претходно се
шпекулираше дека Арсенал мака мачи како да разговара со претставниците на
Влаховиќ, кои наводно не реагирале воопшто на повиците од клубот од Лондон.
Претходната
седмица, првиот човек на Фиорентина, Роко Комисо јавно наведе дека клубовите
кои се заинтересирани за потписот на Влаховиќ прво треба да отворат преговори
со италијанскиот прволигаш, а не со агентите на Србинот.