Арсенал на шопинг во Торино, сака двајца фудбалери од Јувентус

by
1 минути читање

Информациите од Италија велат дека Арсенал се интересира за двајца фудбалери на Јувентус, Даниеле Ругани и Федерико Бернардески.

Се верува дека Даниеле Ругани ќе го напушти Јувентус ова лето и ќе замине во клуб каде би имал повеќе простор за игра. Интерес за него има од Премиерлигата, последен кој се приклучува во трката е Арсенал, а претходно Ругани се поврзуваше и со Волвс.

Јувентус го цени Ругани на околу 30 милиони евра, но не се исклучува можноста Арсенал да добие и попуст поради ситуацијата со коронавирусот и очекувањата дека цените на фудбалерите ќе паѓаат.

Место во Јувентус за следната сезона ќе нема ниту за Бернардески. И неговата иднина може да биде во Премиерлигата, но конкуренцијата за неговите услуги е поголема. Конкуренција на Арсенал за потписот на Федерико се и ривалите Челси и Манчестер јунајтед.

Сепак Челси и Јунајтед во моментов се насочени кон поатрактивни имиња на пазарот. Сините се пред потпис со Тимо Вернер, а Јунајтед силно се поврзува со Џејдон Санчо.

Доколку Арсенал покаже поголема одлучност во преодниот рок Бернардески е фудбалер кој лесно би можел да стане топчија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×