Арсенал му платил милиони на Обамејанг за да оди во Барселона

by
1 минути читање

Во последниот ден
од зимскиот преоден рок, Пјер Емерик Обамејанг пристигна во Барселона за да
потпише со „каталонците“,
во еден момент се чинеше дека зделката ќе пропадне,
но во последен миг беше пронајдено решение.

Габонецот го
раскина договорот со Арсенал, па документацијата не мораше да биде поднесена до
полноќ, Пјер Емерик Обамејанг како слободен играч можеше да потпише за Барса и
надвор од преодниот рок, и токму попладнево пристигна официјална потврда за
негова преселба на Камп Ноу.

Тајмс сега открива
дека Арсенал всушност му платил на Пјер Емерик Обамејанг за да оди во
Барселона.

Весникот пишува
дека „топчиите“ му исплатиле на напаѓачот околу 7 милиони фунти за да биде
раскинат договорот вреден 350.000 фунти неделно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×