По 11 одиграни натпревари во Премиерлигата, Арсенал е на 15. место со само 13 освоени бодови од четири победи и едно реми, тимот на Артета има дури шест порази и негативна гол разлика од 10-14.
Англиските медиуми шпекулираат дека бордот на Арсенал веќе ги разгледува опциите за смена на Артета, но веројатно ќе му даде уште некој период шанса да влезе во позитивна серија.
Како најголем фаворит за наследник на Артета се смета Масимо Алегри. Клубот се „изгоре“ со ангажман на неискусен тренер, па сака да донесе некој кој е спротивно од тоа, а Италијанецот е баш таков, човек кој освојувал големи трофеи.
Нападот на Арсенал е очаен, немаат ниту просек од еден гол по натпревар во Премиерлигата, 10 дадено погодоци на 11 натпревари, па клубот бара решение да се поправи и тоа. Обамејанг е непрепознатлив откако го потпиша новиот договор.
Според „Атлетик“, Арсенал сака да го ангажира Собослаи од Салцбург за кој се заинтересирани и други големи клубови.
Топчиите сакаат да ја платат откупната клаузула од 25 милиони евра, а според неа Салцбург ќе има и 20 проценти од следната продажба на напаѓачот.