Арсенал и без напаѓач испиша историја во ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Арсенал го декласираа ПСВ со неверојатни 1-7 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

„Топчиите“ и без класичен напаѓач постигнаа седум гола и веќе го решија прашањето за патникот меѓу осумте најдобри во елитното натпрварување. Со овој резултат тимот на Микел Артета влезе во историјата.

Имено, Арсенал е прв клуб кој на еден гостински натпревар од нокаут рунда во Лигата на шампионите постигнал седум погодоци. Досега тоа се случувало само кога одреден тим е домаќин, а сега Арсенал направи голем подвиг како гостин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани