Патино во игра влезе во 80. минута на местото од Смит Роу. Во 91. минута даде гол и ја завери победата на Арсенал од 5-1 над Сандерленд.
Нкетиа даде хет-трик, Пепе имаше две асистенции, но по мечот најмногу се зборува за Патино.
„Чарли е дете кое доаѓа од нашиот систем, прекрасно момче. Тој тренира со нас речиси секоја недела. Ова е сон за него. Да постигнете гол на вашето деби, пред фановите е посебен момент’, вели Артета.
Патино е играч од средниот ред. Тој му фатил око на Арсен Венгер во 2015 година. Арсенал му платил 10.000 фунти на Лутон и го откупил фудбалерот кој тогаш имал само 11 години.
Манчестер Сити бил еден од клубовите кои исто така се обидувале да дојдат до неговиот потпис, но Патино го одбрал Арсенал бидејќи бил блиску до неговиот дом.
Патино досега настапувал за младинските тимови на Арсенал, но има настапи и за младинските селекции на Англија.
Неговиот талент и вештини биле забележани од Микел Артета уште во минатата сезона, по што бил повикан на тренинзи со првиот тим.
Минатиот октомври, Патино го добил првиот професионален договор од Арсенал.
„Неверојатно е чувството. Го потпишувам првиот договор со Арсенал. Благодарам на сите кои ми помогнаа и веруваа во мене. Напорната работа продолжува и мојот сон да дебитирам за првиот тим на Арсенал ме турка да работам“, изјави тогаш Патино.
Remember the name, Charlie Patino!
A goal on his Arsenal debutpic.twitter.com/bN3xYUj63W
— ESPN FC (@ESPNFC) December 21, 2021