Арсенал го губи трпението со Артета, веќе имаат пикирано негов наследник

by
1 минути читање

Арсенал сезоната ја стартуваше со два порази, а голема е веројатноста серијата да продолжи и во третото коло бидејќи му гостуваат на Манчестер Сити.

Арсенал не само што губи, туку изгледа лошо, безидејно на теренот, па притисокот врз Артета се зголемува.

Според „Телеграф“, Арсенал ќе му даде рок на Артета до октомври да ја подобри ситуацијата, во спротивно ќе му врачи отказ.

Прв избор за нов тренер на Арсенал е Антонио Конте, раководството ја разгледува можноста да го донесе Италијанецот за наследник на Артета.

Но колку е возможно тоа да се случи ако се знае дека Конте има големи барање и за плата но пред се сака да има состав со кој ќе може да атакува на трофеи.

Дали Арсенал би можел да му обезбеди на Конте голем договор и тим со кој ќе може да се носи со Манчестер Сити, Јунајтед, Челси, Ливерпул…?

Можно е и ова да ти се допаѓа

×