29-годишниот фудбалер минатото лето како слободен играч потпиша за Јувентус. Бидејќи таму отиде без обесштетување му понудија голема плата, па Ремзи заработува околу 400.000 фунти неделно.
Поради пандемијата од корнавирус, Јувентус планира да ги намали трошоците, поради тоа сака да се ослоби од Ремзи кој е солиден, но не му е неопходен на тимот.
„Сан“ пишува дека Тотнем е еден од кандидатите за потписот на Ремзи, тие би можеле да го позајмат од Јувентус и да му ја даваат истата плата. Во договорот би имало и клаузула за комплетен откуп. Со тоа Јувентус би ги елиминирал трошоците за давачките кон Ремзи.
Премин во Тотнем ќе ги разочара фановите на Арсенал, за нив Спарс се најголемиот ривал.
Но, Тотнем е само еден од клубовите од Премиерлигата кои се интересираат за Ремзи, се вели дека и Манчестер јунајтед и Манчестер Сити го посакуваат Велшанецот.