Арнаутовиќ не е среќен што не му признаа нерегуларен гол, па прстот го впери во ВАР

by
1 минути читање

Во текот на второто полувреме Арнаутовиќ постигна гол, но неговата радост беше залудна бидејќи ВАР му го поништи погодокот пороади офсајд.

Австрискиот напаѓач е разочаран што не му признаа нерегуларен гол.

„Тешко ми е да ги најдам правилните зборови. За ВАР веќе доволно често разговараме, веќе не можете да се радувате на гол, секогаш мора да чекате додека некои луѓе нешто мора да одлучат, дали било за офсајд, или гол, или фаул. Тоа веќе нема никаква смисла со фудбалот. Но мораме да го прифатиме тоа, лично мене ми е многу тешко. Мислам дека они немаше да се вратат по наше водство од 1-0. Знаеме дека имаат свои квалитети, дека играа адобро, дека се работи за силен противник, но…“, вели Арнаутовиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×