Арјен Робен по втор пат оди во пензија

by
1 минути читање

Повредите го
принудија Арјен Робен да замине во пензија во 2019, кога му заврши договорот со
Баерн Минхен. Сепак, минатата година тој се предомисли и реши одново да го
облече дресот на Гронинген, клубот каде ја започна кариерата.

Иако пропушти
седум месеци од сезоната поради тешка повреда, Гронинген му понуди нова соработка,
но Арјен Робен решил да ја одбие и по втор пат да ги обеси копачките на клин.

„Драги пријатели,
одлучив да ставам крај на мојата активна фудбалска кариера. Тежок избор. Сакам да им се
заблагодарам на сите за поддршката“
– напиша Холанѓанецот на социјалните мрежи
и објави писмо со кое му кажа збогум на фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×