Аргентинец во Вардар

by
0 минути читање

Како што пренесува Вардар, на подготовките кои во моментов се одвиваат во тренинг кампот во населбата Хиподром, на проба е пристигнат Лукас Нахуел Охеда.

Се работи за Аргентинец роден на 3. септември 1994, кој игра на позицијата офанзивец од средниот ред. Тој бил дел од славниот Ривер Плата, а последен клуб за кој настапувал е Депортиво Еспањол од Буенос Аирес.

Лукас Охеда ќе биде дел од „црвено-црните“ и на подготовките во Анталија каде ќе треба да го убеди Чеде Јаневски дека има квалитет да го носи дресот на Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани