Арбелоа ќе му биде десна рака на Анчелоти?

by
1 минути читање

Карло Анчелоти се
враќа на клупата на Реал Мадрид, а „Марка“ во однос на тоа кој ќе му асистира
на италијанскиот фудбалски стратег го наведе Алваро Арбелоа, за кого нагласи
дека би можел да му биде десна рака на Италијанецот.

Шпанскиот весник
додава дека таа позиција за Арбелоа би била сосема заслужена за него, а со
самото тоа би тргнал по стапките на Фернандо Јеро и Зинедин Зидан, кои беа
претходни асистенти на Анчелоти.

Зидан беше
асистент на Анчелоти во неговата прва сезона во клубот кога Реал Мадрид ја
освои Лигата на шампионите, како и Копа дел Реј.

Од друга страна
пак, Јеро беше асистент кога токму Зидан го презеде кормилото на „Кралевите“ во
сезоната 2014/15, а сега со враќањето на Анчелоти, се верува дека Арбелоа е
идеалниот кандидат за таа позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×