Антонио Конте сам има „ѕвездичка“ од трофеи во калчото!

by 24 фудбал
1 минути читање

Антонио Конте е човекот кој го врати Наполи на врвот на италијанскиот фудбал! Под негово водство „азурите“ се препородија и по три сезони повторно го освоија скудетото, а по триумфот над Калјари со 2-0 започна вистинско лудило во Неапол.

Италијанскиот стратег испиша историја – стана првиот тренер што успеал да ја освои титулата во Серија А со три различни клуба: Јувентус, Интер и сега Наполи. За Конте ова е петто скудето во кариерата како тренер, со што се израмни со фудбалските великани Фабио Капело и Марчело Липи на третото место на вечната листа.

Конте во своето богато портфолио има и титула од Премиер лигата со Челзи, а ако се земе предвид и неговата играчка кариера – пет титули со Јувентус – тогаш сосема оправдано може да се каже дека Конте има сам „ѕвездичка“ трофеи во калчото.

Гордоста во Неапол е огромна, а Конте веќе стана херој на југот на Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани