Анти-ваксерите во Баерн полека си лeгнуваат на брашното, двајца веќе примиле прва доза

by
1 минути читање

Баерн Минхен
изминатиов период е во центартот на вниманието, шампионот на Германија во
своите редови има петмина фудбалери кои не сакаат да се вакцинираат и тоа му
создава главоболки на тренерот Јулијан Нагелсман.

„Баварците“ оваа
недела им се зазканија на анти-ваксерите дека ќе им кратат од плата (во
случајот на Џошуа Кимих се зборуваше за сума од 768.000 евра). Исто така се пишуваше дека
фудбалерите одговориле со иста мера и се заканиле со тужба, но се чини дека тие
полека си легнуваат на брашното.

Кикер пренесе
дека Серж Гнабри и Џамал Мусиала, откако се консултирале со неколку доктори,
веќе примиле прва доза. Серж Гнабри има прележано ковид-19 па за две недели ќе
се води како целосно имунизиран.

Што се однесува
до Џамал Мусиала, немало јасни препораки за него и тој спаѓа во групата на
граѓани со низок приоритет бидејќи има само 18 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани