Ансу Фати сакаше да се прослави со спектакуларен гол, Бускетс и Куман збеснаа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона ги
прокнижи првите три бода во Лигата на шампиони откако вечерва со минимални 1-0
го совлада Динамо Киев на Камп Ноу, стрелец на единствениот гол беше Жерард
Пике во 36. минута од мечот.

„Каталонците“ можеа
многу порано да го решат победникот, но Ансу Фати сакаше да се прослави со
спектакуларен гол наместо да остави зицер за соиграчите.

На стартот од
вториот дел, голманот на Динамо Киев чекаше многу да исфрли една топка, па се
создаде шанса за Барса, Ансу Фати свртен со грб кон голот се обиде атрактивно
да погоди во ситуација кога Серхио Бускетс па и Филипе Кутињо стоеа осамени и
чекаа лесна реализација.

Топката заврши
крај стативата па Серхио Бускетс негодуваше, а нервозна реакција крај аут
линијата имаше и Роналд Куман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани