Ансу Фати открива: Имав понуди од странство, но на Мендеш му реков дека Барса е прва опција

by
1 минути читање

По триумфот над Динамо
Киев во Лигата на шампиони, Барселона соопшти дека Ансу Фати добил нов договор
со трајност до 2027 година и откупна клаузула од милјарда евра.

„Каталонците“
попладнево организираа мала церемонија за да ја официјализираат соработката и младата
ѕвезда да одговори на прашања од медиумите.

„Најпрво сакам да
му се заблагодарам на претседателот за довербата и тоа што ми овозможи да
продолжам во Барселона уште неколку години. Сакам да проодолжам да бележам
прогрес тука, и како фудбалер и како личност, па благодарам за довербата“

рече Ансу Фати.

Запрашан дали
имал понуди од други клубови, напаѓачот вели: „Од самиот старт му кажав на Жорж
Мендеш (неговиот агент) дека прва опција ми е Барса, тој разбра перфектно и
постигнавме договор со Барса. Имав неколку понуди од странство, но секогаш беше
јасно дека сакам да продолжам да растам и да бидам успешен тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани