Анри смета дека ангажманот на Меси не е доволен, посочи каде е ПСЖ ранлив

by
1 минути читање

ПСЖ можеби го има
големиот Меси во својот тим, меѓутоа во францускиот вицепрвак треба да се
запрашаат што понатаму со потребниот баланс ви тимот, за што предупредува Тјери
Анри, алудирајќи дека доведувањето на Аргентинецот не е доволно за чекор напред
во однос на титулите.

Балансот е
најважен, од една гледна точка ние постојано зборуваме за големите фудбалери, а
тоа најмногу се сведува на напаѓачите, но потребен е баланс
“ рече поранешниот
француски напаѓач.

Ние зборуваме за
тимот каде и јас настапував, Барселона, меѓутоа луѓето забораваат да посочат
дека ние не примавме многу голови во сопствената мрежа
“ додаде тој.

Генерално,
екипите кои не примаат многу голови не се далеку од титулите, дури и во Лигата
на шампионите, а кога имате во својот тим големи фудбалери станува малку
полесно, но кога убаво ќе погледнам како ПСЖ прима многу голови на
натпреварите, а тоа не оди во прилог за да се развиете повеќе, балансот во
тимот е најважен
“ заклучи Анри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×