Анри потврди, сопственикот на Спотифај ја подготвил понудата за купување на Арсенал

by
1 минути читање

Ек му пишал на сопственикот на Арсенал, Стен Кроенке се очекува до крајот на оваа недела да се случи состанок меѓу нив.

Сопственикот на Спотифај, Даниел Ек е фан на Арсенал, тој во својата намера да го купи клубот има поддршка од легендите Тјери Анри, Патрик Виеира и Денис Беркамп.

„Знам дека многу луѓе сакаат да слушнат нешто на оваа тема. Вистина е. Даниел е фан на Арсенал, иако тоа не го кажуваше јавно. Тој е фан на Арсенал многу долго време. Ќе ви кажам дека веќе собрал средства и ќе испрати добра понуда“, вели Анри за „Скај Спортс“.

„Актуелните сопственици треба да ги слушнат навивачите. Многу луѓе протестираат, сакаат тие да си одат. Не мислам дека ќе биде лесно, не знам дали ќе се случи. Но тврдам дека Даниел нема лесно да се откаже“.

„Тој разговараше со нас и ни ги кажа плановите. Сака да ги инволвира фановите, се сретнавме и со нивните организации. Сакаме тие да се вратат во бордот и да бидат дел од состаноците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани