Анри: Не го препознавам мојот Арсенал, Кроенке го води како компанија, а не како фудбалски клуб

by
0 минути читање

Арсенал веќе одамна не е на нивото на кое посакуваат да го видат фановите, а по учеството во Суперлигата почнаа и протестите. Синоќа илијадници навивачи се собраа пред Емирати и бараа од Кроенке да го продаде клубот.

Тјери Анри им даде поддршка велејќи дека клубот сега ми е непрепознатлив.

„Арсенал му припаѓа на фановите. Го сакам клубот и ќе навивам за него додека умрам, но во моментов не го препознавам мојот клуб. Кроенке го води како компанија, а не како фудбалски клуб. Горд сум на тоа што го направија фановите“, изјави Тјери Анри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×