Фабрегас неодамна потпиша двегодишен договор со Комо, но покрај тоа што ќе игра за овој клуб, Шпанецот купи и акции во клубот на кој извршен директор е поранешниот играч и капитен на Челси, Денис Вајс.
Според Џанлука Ди Марцио, на овој проект ќе се приклучи и Тјери Анри кој исто така ќе купи акции од клубот.
Комо во изминатите години поради финансиски проблеми стигна и до Серија Д, но во 2019 година се врати на професионалниот фудбал во Италија откако клубот го зема индонезиската групација Џарум Груп водена од милијардерите Мајкл Хартоно и Роберт Буди Хартоно. Вајс беше именуван за извршен директор и отогаш клубот почнува да напредува.
Целта на клубот е развојот да продолжи и да се врати во Серија А каде што беше во сезоната 2002/03.