Ањелка со поддршка до Паје: Јас да бев, не едно, ќе фрлев две шишиња, па дури и копачките!

by
1 минути читање

Николас Ањелка
застана во одбрана на реакцијата на фудбалерот на Олимпик Марсеј, Димитри Паје
кој возврати со иста мера, односно фрли шише кон навивачите на Ница на меч во „Лиг
1“ што доведе до вистински хаос на теренот, а домашните навивачи веднаш влегоа
на теренот.

Според мене, тоа
е сосема нормална реакција, вие сте фудбалер, добивате шишиња по вас од зад
грб, лично се согласувам со Паје во однос на оваа тема
“ рече 42 годишниот
поранешен прославен француски напаѓач.

Доколку јас бев
на негово место, не едно, би фрлил две шишиња, а дополнително би ги фрлил и
моите копачки, сакам ние да бидеме пример за сите останати, но не смее во никој
случај врз нас да се врши насилство
“ додаде тој во изјавата за „РМЦ“.

Инаку Паје се
здоби со суспензија од еден меч, додека пак неговиот соиграч Алваро Гомез
поради провокација кон навивачите доби два меча суспензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×