Ањели денеска ќе презентира проект за нова Суперлига?

by
1 минути читање

Првиот проект за Суперлига се сруши за 48 часа откако официјално беше објавен. Тогаш сите англиски клубови го напуштија проектот, а потоа излегоа и Интер, Милан и Атлетико Мадрид. 

На хартија останаа Јувентус, Реал Мадрид и Барселона, но им треба поддршка од другите клубови, па во меѓувреме Флорентино Перез и Андреа Ањели кроеле нов план за Суперлига со поинаков изглед.

Според италијанскиот весник, таа би била поинаква од оригиналната замисла. Слична на Лигата на нации со промоции и испаѓања. Но деталите можеби ќе ги презентира Ањели денеска.

Сепак нејасно е како оваа лига ќе функционира заедно со домашните првенства. Веројатно клубовите кои ќе учествуваат во Суперлигата, треба да не учествуваат во натпреварувањата на УЕФА.

Тешка ќе биде мисијата на Ањели и Перез да убедат доволно клубови, особено англиските кои веќе рекоа дека никогаш повеќе не би се дрзнале да учествуваат во натпреварување без да ги прашаат фановите.

Не се прогнозира успех и на оваа идеја, но останува да видиме што ново смислиле борците за Суперлига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×