Англија тргна со победа, но фаворитот добро се испоти против Хрватска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Селекцијата на
Англија дојде до минимална, но мошне значајна победа против светскиот
вицепрвак Хрватска
во првото коло од групата „Д“ на Европското првенство

Единствениот гол
за „Гордиот албион“ го постигна Рахим Стерлинг во 57 минута по асистенцијата на Калвин Филипс, со тоа што ѕвездата на Манчестер Сити донесе
голема радост на трибините од „Вембли“ каде присуствуваа околу 20 илјади
гледачи.

Статистички,
фаворитот имаше мини-доминација, меѓутоа Хрватите се покажаа како тежок
противник за можеби најголемиот фаворит за освојување на европскиот трон.

Првата шанса
Англичаните ја запишаа преку Фоден во 7 минута, кога фудбалерот на Манчестер
Сити ја погоди стативата, а по голот на Стерлинг, Ребиќ во 66 минута имаше прилика да погоди
откако дојде до одбиена топка, меѓутоа биеше над голот.

Убава шанса да го реши победникот на мечот имаше и Кејн кој во 62 минута имаше „мат“ позиција, меѓутоа напаѓачот не успеа да погоди, а освен тоа, за негова среќа избегна посериозна повреда откако се заби во стативата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани