Англија покажа моќ, убедлива победа над Украина за полуфинале на ЕП (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Олимпико во Рим, Англија одигра моќен натпревар, лесно се справи со Украина и се пласираше меѓу четирите најдобри на Европското првенство.

Резултатот беше отворен уште во четвртата минута кога по асистенција од Стерлинг, Хари Кејн постигна гол за водство од 1-0.

Самиот почеток на второто полувреме донесе втор гол за Англија, по нафрлување на Лук Шо, Мегваер постигна гол со глава за водство од 2-0.

Само четири минути подоцна, повторно асистенција на Шо, овој пат до главата на Кејн кој со својот втор гол донесе предност од 3-0. Веќе се беше решено.

Во 63. минута Маунт нафрли до Хендерсон кој со својот прв гол за англиската репрезентација ги постави конечните 4-0.

Во полуфиналето Англија се враќа на Вембли, а последна пречка до финалниот меч им е селекцијата на Данска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×