Шпанија влезе во одлична форма во денешниот натпревар и беше голем фаворит за победа откако претходно ја победи Англија на Вембли и ја тресна Хрватска со 6-0.
Но англичаните изненадија, имаа одличен напад кој знаеше како да ги искористи дупките во одбраната на Шпанија која не беше на ниво.
По една убава акција во 16. минута Стерилинг го отвори резултатот по асистенција од Рашфорд, 15 минути подоцна токму играчот на Манчестер јунајтед постигна гол за 2-0.
Во 38. минута веќе беше 3-0, по асистенција на Хари Кејн, Стерлинг го постигна својот втор гол на натпреварот, веќе беше јасно кој ќе победи.
Луис Енрике во 56. минута во игра го стави Пако Алкасер кој е во фантастична форма оваа сезона, само две минути по неговото влегување постигна гол за 1-3, но не успеаа во продолжението да направат многу.
Рамос ги постави конечните 2-3 но дури во 98. минута од натпреварот.
Во Лига А се одигра и мечот меѓу Исланд и Швајцарија кој го добија гостите со 2-1.
Во Лига Б, Босна и Херцеговина ја победи Северна Ирска со 2-0.
Во Лига Ц, Естонија и Унгарија одиграа нерешено 3-3, а Финска ја совлада Грција со 2-0.
Во Лига Д, Луксембург со 3-0 го победи Сан Марино, а немаше голови на дуелот меѓу Белорусија и Молдавија.